речник контакт

Убиецот од Биг фиш на слобода!?

Денковски кој беше осуден на доживотен затвор, за еден месец ќе биде пуштен од притвор, оти медицинското вештачење за него побарано во април утше не е извршено а завршува периодот од две години тој да биде во притвор. Тој ги уби велешаните`Ркулот и Андреев

Петар Печков

Судењето за „Биг фиш“ во ќор-сокак, оти нема вештачење
Доколку за еден месец не биде изготвено вештачењето, Тони Денковски ќе мора да биде пуштен да се брани од слобода
Повтореното судење на Тони Денковски, обвинет за трикратно убиство, е одложено поради тоа што судско-медицинското вештачење не само што не е изготвено туку не е и започнато да се работи. Судот кој уште во јуни наложи вештачење врз обвинетиот Тони Денковски информира дека Судско-медицинскиот одбор не само што не пристапил со изработка туку не можел да обезбеди кворум за работа.

Токму поради неизготвеното вештачење, многу е веројатно дека обвинетиот за трикратното убиство, кое се случи во скопскиот ресторан „Биг фиш“, веќе кон крајот на идниот месец да се најде на слобода. На 27 октомври се навршуваат две години од денот кога Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против него, а за се' уште нема судска пресуда. За Денковски, кратко време по поднесувањето на обвинението, скопскиот Кривичен суд донесе пресуда со која тој за убиството на велешаните Јордан Јорданов, со прекар ’Ркулот, и Влатко Андревски и на скопјанецот Владо Милошев беше осуден на казна доживотен затвор и на уште пет години затвор поради недозволено поседување огнено оружје.

Незадоволен од пресудата, тој во јуни минатата година поднесе жалба до Апелациониот суд. Пресудата беше потврдена, но Врховниот суд донесе решение за враќање на судењето на почеток, поради суштествени повреди во постапката.

Трикратното убиство се случи во ресторанот „Биг фиш“ во скопската населба Аеродром. На првото судење, Денковски тврдеше дека убиствата ги извршил поради притисок и поради заканите што му биле упатувани на неговото семејство. Тој иако не работел ништо има огромен имот и куќа, кој е непознато како ги стекнал.

 текстот е превземен од Утрински Весник

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »